„Ваучер за млади лица обуки за дигитални вештини“ е вредносен ваучер со максимална вредност до 30.000 денари, наменет за млади лица помеѓу 18 и 29 години. Ваучерот го издадава Министерството за образование и наука. На едно лице му следува само еден ваучер.
Како можеш да го искористиш ваучерот?
Ваучерот можеш да го искористиш за обука за дигитални вештини и со него да покриеш максимум 50% од вкупниот износ на обуката која ќе ја избереш.
Тоа значи дека можеш да избереш обука од 60.000 денари, и со ваучерот да покриеш 30.000 од нив. Но, можеш да избереш и обука од 20.000 денари и тогаш ваучерот ќе покрие 10.000 од нив. Можеш да избереш и обука поскапа од 60.000 денари и тогаш ваучерот пак ќе покрие 30.000 денари од нив.
Кои се обуките за кои можеш да го искористиш?
На овој линк можеш да ја погледнеш листата на обуки на Brainster за кои можеш да го искористиш ваучерот
Како да аплицираш за ваучер?
Најпрво избери ја обуката за која сакаш да го искористиш ваучерот, резервирај го твоето место на истата, а нашиот тим ќе ти помогне во целиот процес на апликација за ваучерот.
Во меѓувреме, добро е да ги направиш следниве чекори кои ќе ни помогнат полесно и побрзо да дојдеме до ваучерот.
Најлесниот начин да креираш профил на Uslugi.gov.mk е преку твојата УЈП сметка, односно преку твојот кориснички профил на e-pdd.ujp.gov.mk. Така што, прво нешто што треба да утврдиме е:
Ако било кога си примил било какви средства на сметка – сигурно имаш УЈП сметка. А aко имаш УЈП сметка, тогаш или имаш регистриран профил на e-pdd.ujp.gov.mk или можеш да креираш.
Ајде да го провериме ова за сигурно.
(ако си сигурен дека немаш УЈП сметка, скролни надолу до Можно сценарио 2)
Сега веќе сме сигурни дека имаш пристап до твојата УЈП сметка и корисничкиот профил на e-pdd.ujp.gov.mk.
Сега ќе треба истите податоците со кои се најавуваш на e-pdd.ujp.gov.mk да ги искористиш за најава на Uslugi.gov.mk
Ова е мошне едноставна процедура, која можеш да ја видиш на сликите подолу. Одиме!
We got you covered. Ова значи дека имаш профил ама не е верификуван на нивото на кое треба да биде. Односно, твојот моментален профил е на основно ниво, но тебе ти е потребен профил на ниско ниво за да можеш да аплицираш за ваучер.
Затоа ја илустриравме и оваа постапка во неколку чекори. Следи ги насоките подолу и надгради го својот профил на време. Вака ќе се осигураш дека на денот кога ќе бидат објавени обуките нема да имаш проблем при земање на ваучер за обуката што ја сакаш.
Во овој случај, неопходно е да го посетиш твојот локален УЈП каде што ќе ти отворат сметка со која ќе можеш да аплицираш за ваучер.
Brainster понуди дури 62 обуки од различни области, со различна должина и во различен ценовен ранк. Погледни ја целата листа, разгледај ги детално програмите на обуките кои најмногу ти се допаѓаат и резервирај го твоето место, а ние ќе ти помогнеме во процесот на апликација за ваучерот.
Ние во Brainster имаме огромно искуство во насочување на младите луѓе кон вештини кои најмногу одговараат на нивниот карактер и темперамент. Затоа, биди слободен/на да ни пишеш и да ги добиеш од нас сите информации кои ќе ти помогнат да ја донесеш вистинската одлука при изборот на обука. Слободно пиши ни ги сите прашања кои ги имаш или побарај да закажеме онлајн средба.